Филтри
Исхрана
Формат

Рецепти

Прелистај и пребарувај рецепти

Преглед
Групирај по
Формат
Исхрана
Филтри
Тежина
Вкупно време

Прикажување 9 рецепти од 72

Eggplant & Beef Rolls in Savory Tomato Sauce Јавно

Ролнички од модар патлиџан со мелено месо во сос од домати

Главно јадење Блискоисточна
Преносливо

Нежни ленти од печен модар патлиџан полнети со зачинето јунешко месо, крчкани во ароматичен сос од лук и домати. Подготовка Подготовка на модриот патлиџан: Исечете го модриот патлиџан по должина на тенки ленти (од 3 до 5 мм дебелина). Премачкајте ги со маслиново масло и печете ги во рерна на 180°C околу 40 минути, додека не омекнат и малку не потемнат. Динстање: Во тава на среден оган, издинстајте ги исечканиот кромид и зелената пиперка додека не омекнат и добијат златна боја. Подготовка на месото: Во подлабок сад измешајте го меленото месо со динстаниот кромид и пиперка. Додадете ким, црвен пипер, сол, црн бибер и сечкан магдонос. Убаво измесете ја смесата и формирајте мали, долгнавести ќофтиња. Вртење на ролничките: Ставете по едно ќофте на крајот од секоја лента печен патлиџан и цврсто свиткајте го во ролничка. Подготовка на сосот: Во керамички сад или подлабока тава, додадете малку маслиново масло, рендиран домат, сечкан лук и преостанатите зачини (ким, пипер, сол, бибер и магдонос). Истурете ½ шолја вода и промешајте. Готвење: Наредете ги ролничките во садот врз сосот. Одозгора украсете со чери домати. Поклопете го садот и гответе на тивко до средна температура 30–40 минути, додека месото не се зготви, а сосот не се згусне. Послужете топло. Добар апетит!

Состојки
500 Gram
750 Gram
80 Gram
50 Gram
120 Gram
5 Gram
3 Gram
4 Gram
20 Milliliter
Energy Balls Јавно

Енергетски Топчиња

Гризка Американска
10 min Преносливо Серија

Енергетски Топчиња 1. Измешајте ги овесните снегулки, путерот од кикирики, медот, парчињата темно чоколадо и протеинскиот прав во голем сад за мешање. 2. Мешајте ги состојките темелно додека не се формира еднолично тесто. 3. Обликувајте ја смесата во приближно 20 поединечни топчиња. 4. Чувајте ги готовите енергетски топчиња во фрижидер до една недела.

Состојки
150 Gram
100 Gram
60 Gram
50 Gram
30 Gram
Fantastic beetroot salad Јавно

Фанстастична салата од цвекло

Салата

Состојки: • 2–3 средни цвекла • Малку маслиново масло • 50 г ореви • 1 мала главица кромид • 1 чешне лук, ситно сецкано • Една рака свеж магдонос, ситно сецкан • Сок од половина лимон • 2 лажици ладно цедено сончогледово масло • 1/3 мало лажиче ким во зрно • 1 дршка целер • 1 слатко јаболко • 1/2 мало лажиче сол (или по вкус) • 1/2 мало лажиче димена пиперка • 1/4 мало лажиче црн бибер ________________________________________ Подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 190°C. Измијте ги цвеклата, попрскајте ги со малку маслиново масло, завиткајте ги во алуминиумска фолија и печете ги 1,5 час. 2. Додека цвеклата се печат, издробете ги оревите на мали парчиња и ставете ги во мал сад. Потпечете ги во микробранова печка на висока температура околу 3 минути или додека не замирисаат. 3. Исечкајте го кромидот на тенки полумесечина. Во подлабок сад измешајте ги изладените ореви, кромидот, сечканиот лук, магдоносот, кимот, сокот од лимон, сончогледовото масло и солта. Убаво измешајте и оставете ја смесата да се маринира во фрижидер 1 час. 4. Откако цвеклата ќе се изладат, излупете ги и исечкајте ги на ленти со големина од приближно 2x1 см. 5. Исечкајте ја дршката целер и слаткото јаболко на мали коцки. 6. Измешајте ја маринираната смеса од ореви и кромид со цвеклото, целерот и јаболкото. Убаво промешајте. По потреба, додадете уште малку сок од лимон или сол. На крај, додадете го црниот бибер и димената пиперка и повторно измешајте. Добар апетит!

Состојки
300 Gram
60 Gram
15 Gram
50 Gram
40 Gram
100 Gram
20 Gram
6 Gram
12 Gram
3 Gram
Gamberoni, Strawberry & Spinach Salad Јавно

Салата со големи козици ( Гамберони), јагоди и спанаќ

Главно јадење

A vibrant, sОсвежителна летна салата со сочни гамберони и уникатен прелив од свежи јагоди. Состојки Гамберони, исчистени Свеж спанаќ и марула Јагоди (за салатата и за преливот) Лук, путер и маслиново масло Лимон, сол и црн бибер По желба: Јаткасти плодови, козјо сирење или балсамико глазура Подготовка Гамберони: Во тава загрејте маслиново масло, додадете го лукот и коцка путер. Пржете ги гамбероните околу 2–3 минути од секоја страна додека не станат розови. Тргнете ги на страна малку да се изладат. Основа за салата: Во голем сад измешајте ги спанаќот, марулата и сечканите јагоди. По желба, додадете јаткасти плодови или сирење. Прелив: Во блендер ставете 50г јагоди, маслиново масло, сок од еден лимон, сол и бибер. Блендирајте додека не добиете мазен, течен прелив. Сервирање: Измешајте ја салатата со преливот, наредете ја во чинии и одозгора ставете ги топлите гамберони. По желба, завршете со малку балсамико глазура. Уживајте во овој лесен и елегантен оброк

Состојки
250 Gram
150 Gram
350 Gram
400 Gram
50 Gram
40 Gram
15 Gram
15 Gram
3 Gram
Garlic-Orange Glazed Salmon Јавно

Лосос со глазура од портокал и лук

Главно јадење

Брзо и елегантно јадење со крцкав лосос, прелиен со светла, слатко-солена глазура од портокал, со ноти на лук и соја сос. Готов оброк за помалку од 20 минути. Подготовка: 1. Подготовка на лососот: Загрејте тава за пржење на средно-висок оган. По потреба додајте малку масло. Поставете ги филетите лосос со кожата надолу и гответе ги по 4 минути од секоја страна, сè додека не добијат златиста боја и не бидат речиси целосно готови. Извадете го лососот од тавата и оставете го на страна. 2. Подготовка на сосот: Намалете ја топлината на средно-низок оган. Во истата тава додајте го сечканиот лук и динстајте околу 30 секунди, само додека не пушти убав мирис. Додајте го свежо исцедениот сок од еден портокал, мешајќи за да ги соберете вкусовите од дното на тавата. Оставете го сокот да се редуцира (испари) 2–3 минути. 3. Зачинување: Додајте 2 лажици соја сос и 1 лажица мед. Гответе на тивок оган уште 2 минути, додека сосот малку не се згусне. 4. Финализирање (глазирање): Вратете го лососот во тавата, овој пат со кожата нагоре. Гответе уште 4–5 минути, постојано прелевајќи ги филетите со сосот за да добијат убава, сјајна глазура. Добар апетит!

Состојки
360 Gram
13 Gram
21 Gram
30 Gram
50 Gram
10 Gram
Hazelnut Crusted Trout fillets Јавно

Филети од пастрмка во крцкава кора од лешници

Главно јадење

Ова јадење е совршен спој на нежна пастрмка и крцкава, ароматична кора од лешници и пармезан – префинет оброк со уникатен вкус и текстура. Подготовка: Чекор 1: Загрејте ја рерната на 180°C. Чекор 2: Загрејте тава на средно-висок оган. Додајте малку маслиново масло и две мали коцки путер.Засечете ја кожата на филетите. Нанесете тенок слој мајонез врз кожата на пастрмката, па ставете ја во тавата со страната од кожата надолу и пржете 2 минути. Извадете ги филетите пастрмка и пложте ги во тава за печење со кожата од долната страна. Чекор 3: Премачкајте ја горната страна од филетите со сенф со мед. Чекор 4 (Подготовка на крцкавата смеса): Во помал сад измешајте лебни трошки, мелени лешници, пармезан, лук, црвена пипер, магдонос, рендана кора од половина лимон и малку маслиново масло. Чекор 5: Врз филетите пастрмка распоредете ја смесата со лешници. Притиснете со задната страна на лажицата за смесата убаво да се залепи за рибата. Чекор 6: Печете ја пастрмката во претходно загреана рерна 10 до 12 минути. Добар апетит!

Состојки
460 Gram
30 Gram
15 Gram
25 Gram
30 Gram
6 Gram
Lentil pizza Јавно

Пица со подлога од леќа

Главно јадење Италијанска

**Протеинска пица со подлога од леќа** Нутритивна алтернатива, погодна за безглутенска исхрана, на традиционалната пица која не штеди на вкус. Состојки Основата: Леќа (натопена), урда, овесни снегулки, 1 јајце, маслиново масло, сол и бибер. Сосот: Доматна паста, вода, маслиново масло, оригано, сол, бибер и снегулки од пиперка. Преливи: Рендано сирење, kulen (зачинета салама), издробено бело сирење и свежи листови рукола. Чекор-по-чекор инструкции 1. Подгответе ја леќата Натопете: Ставете ја леќата во сад и покријте ја со ладна вода (осигурете се дека водата е најмалку 5 cm над леќата). Почекајте: Оставете ја да се кисне 2 часа. Исцедете: Целосно исфрлете ја водата во која се киснела. 2. Направете го тестото Комбинирајте ја натопената леќа, урдата, овесните снегулки, јајцето, маслиновото масло, солта и биберот во блендер или процесор за храна. Блендирајте додека смесата не стане целосно мазна. 3. Прво печење Загрејте ја рерната на 180°C. Обложете плех со хартија за печење и рамномерно распоредете ја смесата во форма на пица. Печете 25 минути додека основата не се стегне. 4. Динстајте го сосот Додека основата е во рерната, измешајте ја доматната паста, водата, маслиновото масло, ориганото, солта, биберот и благиот букивец во мало тенџере. Загрејте на тивко и мешајте додека добро не се соединат. 5. Составете и завршете Прелијте: Распоредете го сосот врз испечената основа. Додадете го ренданото сирење и kulen. Запечете: Зголемете ја температурата на рерната на 200°C. Печете 13 минути. Завршен допир: Посипете издробено бело сирење одозгора и печете уште 2 минути. 6. Послужете Извадете од рерна, посипете свежи листови рукола одозгора, исечете и уживајте додека е топло! Професионален совет: Осигурете се дека основата од леќа е релативно тенко и рамномерно распоредена за да ја добиете таа совршена текстура на „кора“ без влажна средина.

Состојки
120 Gram
100 Gram
20 Gram
10 Gram
2 Gram
20 Gram
150 Gram
80 Gram
60 Gram
30 Gram
Lentil, bulgur and rice stew with lettuce apple salad and white sheep cheese Јавно

Чорба од леќа со булгур и ориз послужена сирење и зелена салата од марула и јаболко

Главно јадење

Чорба од леќа со булгуп и ориз со дадток на овчо сирење и зелена салата со марула, јаболко и краставица со прелив од лимон и мадарина чорба од леќа, булгур и ориз (Здрав и хранлив оброк) Состојки: 200 г леќа 40 г булгур 40 г бел ориз 1 средно голем кромид (поделен на два дела) 2 суви пиперки 1 чешне лук 40–50 г црвен компир 1,2 л вода Зачини: сол, бибер, суво нане, благ и лут буковец, црвен пипер Маснотија: 3 лажици маслиново масло, 1 коцка путер Подготовка: Подготовка на намирниците: Во сад со вода ставете ги леќата, булгурот и сувите пиперки да отстојат 1 час за да набабрат. Потоа убаво исплакнете ги и исцедете ги. Исплакнете го и оризот. Динстање: Во тенџере, на среден оган, загрејте една лажица маслиново масло и коцка путер. Пропржете ја првата половина од ситно исечканиот кромид додека не стане стакласт. Додадете го истиснатиот лук и една лажица благ буковец. Пржете 30-40 секунди. Готвење: Во тенџерето додадете ги леќата, булгурот и оризот. Пропржете ги околу 2 минути, па додадете 1,2 литри вода. Ставете ги сувите пиперки, другата половина од кромидот (во парче) и компирот. Варете поклопено на тивок оган околу 1 час. Згуснување (Блендирање): Извадете ги од чорбата варениот кромид, компирот и неколку лажици од густината (леќата, булгурот и оризот). Пиперките исчистете ги од лушпата и семките, па само месото додадете го во блендерот заедно со малку течност од чорбата. Блендирајте додека не добиете кремаста смеса, па вратете ја во тенџерето. Запршка и зачини: Настрана загрејте 2 лажици маслиново масло, тргнете го од оган и измешајте 2 лажици црвен пипер. Прелијте ја чорбата со оваа смеса. Зачинете со сол, бибер, суво нане и по желба лут буковец. Варете уште 2-3 минути. 4. Подготовка на салатата Линк за приготвување на салатата: https://fitsate.com/Kitchen/Recipes/Details/d4fa0e80-a7b0-4907-95ee-1ed8f29ecae0 5. Пресчете го калапот овчо сирење на парчиња. Отприлика 60 гр. по оброк. Послужете го отделно. Наздравје

Состојки
200 Gram
40 Gram
40 Gram
100 Gram
10 Gram
15 Gram
40 Gram
4 Gram
4 Gram
250 Gram
Madzun glazed chicken breast with zucchini almonds spirals Јавно

Пилешки гради со глазура од маџун и спирали од тиквички со бадеми

Главно јадење

Ова јадење е вистинско освежување – совршен баланс помеѓу слатко-солените ноти на маџунот и леснотијата на тиквичките, создавајќи оброк што е подеднакво хранлив и префинет. Подготовка на спиралите од тиквички Подготовка: Измијте ги тиквичките и изрендајте ги по должина на ленти како шпагети, избегнувајќи го средишниот дел со семки. Ставете ги во сад со ладна вода и додајте 6–7 коцки мраз. Нека отстојат 15 минути. Потоа исцедете ги, додајте уште неколку коцки мраз и оставете ги уште 5 минути. Цедење: Нежно притиснете ги тиквичките за да ја исцедите водата (без да ги згмечите). Динстање: Загрејте 1 лажица путер во тава на средно-висок оган. Додајте ги тиквичките и динстајте околу 4 минути. Штом на дното на тавата ќе се појави вода, тргнете ја од оган. Финале: Внимателно извадете ги тиквичките од тавата (оставајќи ја вишокот течност), додајте пармезан, бадеми, ½ лажичка сол и бибер. Измешајте и оставете на страна. Подготовка на пилешкото со маџун Маринирање: Пилешките гради исечете ги на парчиња со големина на залак. Зачинете ги со сол, црвена пипер, кари, бибер и ким. Измешајте и оставете во фрижидер 20 минути. Пржење: Загрејте 1 лажица масло и 1 лажица путер во тава на средно-висок оган. Пржете го пилешкото 10 минути, повремено мешајќи. (Совет: Покријте ја тавата по 3 минути, а откријте ја по 5 минути за месото да остане сочно). Глазура: Подгответе 2 лажици маџун (ако е кристализиран, загрејте го 30 секунди во микробранова). Соединување: По 12 минути готвење на пилешкото, додајте 2 лажички сенф, 1 лажица путер и 1 лажица соја сос. Мешајте додека путерот се стопи. Карамелизирање: На крајот, додајте го маџунот и гответе додека пилешкото не се обложи целосно, не стане сјајно и не добие длабока, карамелизирана боја. Оставете го месото да отстои 5 минути пред сервирање. Сервирање Послужете го глазираното пилешко како главен дел од чинијата, со спиралите од тиквички и бадеми на страна. Добар апетит!

Состојки
500 Gram
20 Gram
8 Gram
10 Gram
5 Gram
20 Gram
200 Gram
20 Gram
30 Gram