Традиционална мусака со модри патлиџани
Igor Gjozinski
29.4.2026
Ажурирано на
07.5.2026
Јавно
Видео за готвење
Класификација
Категорија:
Главно јадење
Кујна:
Македонска
Тежина:
Тешко
Порции:
4
Вкупна тежина:
1524g
Улога на оброк:
Главно јадење
Фит и Сит:
Тешка артилерија
Распоред на време
Припрема
30m
Готвење
1h 25m
Одмарање
15m
Вкупно време
2h 10m
Информации за подготовка на оброци
Преносливо
Погодно за серии
Потребно Загревање
Исхрана
4
444
Калории
4
35 г
Протеини
4
17 г
Јаглехидрати
4
26,7 г
Масти
Шеќер:
7,1 г
Влакна:
7,7 г
Заситени масти:
8,4 г
Незаситени масти:
9,2 г
Транс масти:
0 г
Холестерол:
111,3 мг
Содиум:
890 мг
Калциум:
6,6 мг
Железо:
0,1мг
Потасиум:
933,5мг
Сол:
0г
Состојки 9
Порции:
Модар патлиџан
800
Gram
192.0
8.1g
45.6g
1.5g
Мелено говедско
500
Gram
1240.0
128.5g
0.0g
76.8g
Екстра девствено маслиново масло
30
Milliliter
247.2
0.0g
0.0g
27.5g
Кромид
60
Gram
27.0
0.6g
6.6g
0.0g
Моркови
30
Gram
12.3
0.3g
2.9g
0.1g
Домат сос
30
Gram
12.9
0.5g
2.6g
0.0g
Црвена пиперка
60
Gram
16.8
0.6g
4.0g
0.1g
Слатка мелена црвена пиперка (зачин)
10
Gram
28.7
1.5g
6.3g
0.9g
Сол
4
Gram
0.0
0.0g
0.0g
0.0g
Инструкции за готвење
Рустично и автентично јадење без тежок бешамел — само богат вкус на зеленчук и зачинето месо.
Состојки
Месо: 500г мелено месо (препорачан сооднос 70:30 јунешко со свинско).
Зеленчук: 2-3 модри патлиџани, 1 кромид, 1 пиперка, 1 морков, 1 чешне лук.
Сос и зачини: 250мл доматен сос (поделен за фил и за прелив), 1 лажица црвен пипер (благ или димен), 1 лажица буковец, оригано, босилек, ким, соја сос, сол и црн бибер.
Специјален додаток: 5г сушени вргањи (потпечени и натопени во малку вода).
Подготовка
1. Подготовка на филот од месо
Зеленчук: Ситно исечкајте ги кромидот и пиперката, а морковот изрендајте го.
Динстање: Во тава со 2 лажици маслиново масло, динстајте го кромидот (3-4 мин), потоа додадете ја пиперката (3-4 мин) и на крај морковот (уште 3-4 мин).
Зачини: Додадете го буковецот и ситно сечканиот лук. Пропржете кратко (30 секунди) додека не замириса.
Месо: Додадете го меленото месо и добро испржете го додека не ја изгуби розовата боја.
Финиширање: Турете 150мл доматен сос, соја сосот и сечканите вргањи. Зачинете со сол, бибер, ким, оригано, босилек и црвен пипер. Тргнете го филот од оган.
2. Подготовка на модриот патлиџан
Подготовка: Исечете го патлиџанот на кругови или долгнавести парчиња (5–7 мм). Посолете ги и оставете ги 20 минути на кујнска хартија за да излезе горчината.
Пржење (Прв дел): Премачкајте ги парчињата со маслиново масло и пржете ги во нелеплива тава на средна температура додека не добијат темна боја со „изгорени“ точки. Овие одат на дното на тавата за печење.
Пржење (Втор дел): Останатите парчиња (за одозгора) поминете ги низ тенок слој брашно и пржете ги на малку посилен оган додека не станат златно-кафеави.
3. Редење и прелив
Редење: Во тава за печење наредете го првиот слој патлиџани, врз нив распоредете го целиот фил со месо, а најгоре наредете ги пржените патлиџани со брашно. Пополнете ги сите празнини со помали парчиња патлиџан.
Црвен прелив: Во тенџерето каде што се готвеше месото, додадете 100мл доматен сос, 1 чаша вода (200мл), малку маслиново масло, ким, бибер и оригано. Оставете да зоврие 2 минути, па прелијте го рамномерно врз целата мусака (особено врз патлиџаните).
4. Печење
Печете на 180°C околу 35 минути.
На крајот, префрлете ја рерната на опцијата Грил (печење само одозгора) и печете уште 6–7 минути додека горниот слој не се запече убаво.
Совет: Оставете ја мусаката да отстои 10–15 минути пред послужување за да се соединат вкусовите и слоевите.
Добар апетит!
Видеото за овој рецепт е видео за приготвување на традиционална мусака која како горен слој има компири. Принципот е ист но следи ги пишаните инструкции за приготвување на модрите патлиџани. Според наше мислење пропржениот модар патлиџан е многу повкусен од потпечениот. Изгубеното време за пржење вреди за да добиете многу подлабок и посебен вкус .